Курс по англиски што твоите вработени навистина го завршуваат.

Со Tutoro секој вработен добива свој AI наставник по англиски. Лекциите се квалитетни како приватни часови и будат желба за учење секој ден.

Започни

Закажи демо

Од $9 по вработен месечно. Откажи кога сакаш.

Како работи Tutoro · 2 мин

Погледни како функционира

Затвори го видеото

  • Ново ниво

    A1 → A2

  • + 138 XP

    Најдобар ден досега

  • Победа во дуел

    3:1 во рунди

  • Сите дневни задачи се готови

    3 / 3

  • Streak: 30 дена

    Без ниту еден пропуштен ден

  • + 250 монети

    Неделен бонус

  • Ново ниво

    A2 → B1

  • Прво место во лигата

    1. место меѓу 30 учесници

  • Отклучен нов наставник

    Katie

  • Без грешка

    12 од 12 точни одговори

  • Завршен модул

    Патување

  • Прва целосна реченица

    Изговорена наглас

  • Пет лекции по ред

    Во еден наврат

  • Отклучена нова облека

    Потрошени 5 000

  • Ново ниво

    B1 → B2

  • Положен устен тест

    Од втор обид

Компаниите ни веруваат

  • 500

    +

    компании

    ги обучуваат своите вработени со Tutoro

  • 1M

    +

    вработени

    учат секој ден

  • 87

    %

    активни корисници

    продолжуваат да вежбаат и по 90 дена

  • Northbeam

  • ALTAVIA

  • Quadra

  • helioworks

  • Verado

Што добива твојата компанија со Tutoro

Само 15 минути дневно на телефон, без закажување часови. Погледни што добива твојата компанија.

  • Англиски за успешни зделки

    49% од раководителите велат дека недоразбирање им расипало меѓународна зделка. Со Tutoro твоите вработени го подобруваат англискиот по цена до 50 пати пониска од часови со приватен наставник.

  • Обука што твоите вработени нема да ја прескокнуваат

    Со AI вработените постигнуваат поголем напредок во зборувањето англиски отколку со наставник. Tutoro им помага да вежбаат секој ден, а благодарение на игровните елементи, 88% од вработените учат со поголемо задоволство.

  • Развивај ги своите вработени, троши помалку за нови вработувања

    Компаниите што го поттикнуваат учењето имаат 57% повисока стапка на задржување на вработените и 23% повеќе преминувања на други позиции во компанијата. Така поретко мораш да бараш луѓе однадвор.

Во споредба со другите

Зошто Tutoro е подобар?

Повеќе слобода во учењето, помалку администрација и трошоци што можеш однапред да ги испланираш.

Цената зависи од пакетот и бројот на вработени

Групни часови

Приватен наставник

Tutoro

  • Цена по вработен

    180 - 320 $ месечно

    40 - 120 $ на час

    Од $9 месечно

  • Распоред на часови

    Часови по фиксен распоред

    Мора однапред да закажуваш часови

    Учи кога ти одговара, дури и кога имаш само 15 минути

  • Индивидуален пристап и мотивација

    Исто темпо за целата група, малку елементи на игра

    Индивидуалниот пристап зависи од наставникот

    Се приспособува на нивото и целите на секој вработен, а учењето низ игра ја одржува мотивацијата

  • Увид за одделот за човечки ресурси

    Извештаи за присуство

    Одделот за човечки ресурси има мал увид во напредокот

    Преглед во реално време и извештаи за напредокот

  • Обука за целата компанија

    Повеќе групи, потешка координација

    Со секој нов вработен растат трошоците и обврските околу организацијата

    Лесно вклучи ги сите вработени во учењето

Први чекори

Како функционира

Купи лиценци, покани ги вработените и сите можат да почнат да вежбаат уште истото попладне.

  • Избери го бројот на учесници

    Избери за колку вработени и за колкав период ќе важи претплатата.

  • Покани ги вработените

    Залепи список со е-пошти или сподели еден линк за приклучување со сите.

  • Почнуваат да зборуваат

    Со еден клик на линкот веднаш ја почнуваат првата лекција.

  • Следи го напредокот

    Следи Streak, неделна активност и напредок по нивоа, сè на еден екран.

Редовно учење

Зошто вработените не се откажуваат

  • Вистински час: зборувај на глас

    Ти зборуваш, а наставникот ти одговара, објаснува и ти дава вежби додека разговарате.

  • Вежбај за секоја ситуација

    Вежбај разговор за работа или посета на лекар, впушти се во авантура или смисли свое сценарио.

  • Избери со кого ќе разговараш

    Наставници со различни акценти и карактери. Избери го оној со кого најмногу ти оди муабетот.

  • Види точно што да подобриш

    По секој час, погледни ги резултатите и види кои грешки најчесто ги повторуваш.

  • Зборови што нема да ги заборавиш

    Токму кога почнуваш да забораваш некои зборови, повторно ги вежбаш низ кратки игри, сè додека не ги запомниш.

  • Јасна патека наместо бескрајно скролање

    Со секоја лекција напредуваш на мапата, а штом завршиш еден свет, го отклучуваш следниот.

  • Премини на повисоко ниво. Буквално.

    Создај свој лик што со секоја лекција напредува во нивоата и се искачува низ лигите.

ЗА ОДДЕЛОТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Секогаш знаеш дали вработените навистина учат

Во еден панел гледаш кој учи, како напредува и кое ниво на англиски го има секој вработен. Не мора да бараш извештаи од никого.

Активност на вработените

Последните 30 дена · примерни податоци

  • Лиценци во употреба

    Види колку од платените лиценци вработените користат секоја недела

  • Колку англиски знае секој вработен

    Го ажурираме нивото според CEFR (A1-C1) како што напредуваат со учењето.

  • Активност на секој вработен

    Минути учење неделно, завршени лекции и Streak

  • Извештаи кога ќе затребаат во финансии

    Извези ги во CSV истите податоци што ги гледаш на екранот.

За кого е Tutoro?

За сите на кои малку подобар англиски им го олеснува работниот ден.

Започни

  • Тимови за корисничка поддршка

  • Продажба

  • Инженерство

  • Угостителство

  • Малопродажба

  • Здравство

  • Маркетинг

Успешни приказни

Што се промени во три компании

  • Тешко ни беше да го задржиме интересот на вработените за часовите по англиски. Со Tutoro учат со задоволство, не се откажуваат и го ценат пристапот како корисна поволност од компанијата. И задоволството кај вработените порасна.

    Директор за човечки ресурси

    Northbeam

  • Нашите агенти сега посамоуверено разговараат со клиентите од странство и поретко бараат помош од надредените. Комуницираат појасно, работат посамостојно и им нудат подобра услуга на клиентите.

    Раководител на корисничка поддршка

    Altavia

  • Конечно гледаме што ни носи вложувањето во обуки. Аналитиката во Tutoro ни покажува кој учи, колку напредува и кои вештини треба да ги подобри. Сега носиме одлуки врз основа на вистински податоци.

    Оперативен директор

    Helioworks

Цени

Од $9 месечно по вработен

Колку вработени ќе учат?

Овозможи им на сите вработени да учат по пониска цена.

по вработен месечно

Групните часови би чинеле

Приватните часови би чинеле

Ајде да пресметаме заедно

За повеќе од 1,000 вработени подготвуваме понуда за твојата компанија, со попуст според бројот на места и плаќање по фактура. Нашиот тим за продажба ќе ја направи пресметката заедно со тебе.

Закажи демо

Период на претплата

учесници

Tutoro, твојот пакет

откажи кога сакаш

Колку вработени ќе учат?

Нека целиот тим учи и се забавува, по единствена цена со попуст.

Често поставувани прашања

  • Како да почнеме со Tutoro за компании?

    Создај профил за компанијата, избери колку места ти требаат и покани ги вработените. Секој добива часови по англиски според своето ниво и цели. Сакаш прво да видиш како работи Tutoro? Закажи демо.

  • Колку чини Tutoro и како се плаќа?

    Tutoro чини од $9 месечно по вработен, за најмалку 5 вработени. Плати со картичка или генерирај фактура директно во панелот на компанијата.

  • Може ли да префрлам лиценца на друг вработен?

    Да. Ако вработен си замине или повеќе не му треба пристап, додели го неговото место на друг. Така нема да купуваш ново место при секоја замена.

  • Можам ли во секое време да го зголемам или намалам бројот на места?

    Додавај или отстранувај места според потребите, но задржи најмалку 5. Промената во наплатата зависи од условите на твојата претплата.

  • Што ќе научат вработените со Tutoro?

    Во Tutoro има сè за учење англиски: часови со AI-тутор, вежбање разговор, слушање, читање, интерактивни вежби, проверка на изговорот и повратни информации веднаш. Сè во една апликација.

  • Дали Tutoro се приспособува на различни нивоа на познавање англиски?

    Да. Секој вработен добива план за учење според своето ниво и цели. Задачите со елементи на игра го одржуваат интересот и го мотивираат да продолжи.

  • Колку време дневно треба да одвојат вработените за учење?

    Доволни се и 15 минути за учење, кога на вработениот му одговара. Нема фиксни термини ниту потреба да се закажуваат часови.

  • Како Tutoro ги мотивира вработените да продолжат да учат?

    Tutoro нуди лекции по мерка на секој вработен, учење низ игра, награди и интерактивни вежби. Така вработените сакаат да се враќаат секој ден, а учењето им станува навика.

  • Може ли одделот за човечки ресурси да го следи напредокот на секој вработен?

    Да. Во панелот на компанијата гледаш кој колку често учи и како напредува. Така одделот за човечки ресурси лесно ги следи активноста на вработените и напредокот на целиот тим.

  • Дали вработените мора да имаат службена е-пошта?

    Не. Поканата е код што не е врзан за конкретна е-пошта. Местото го добива оној што ќе го активира кодот. Ако вработениот веќе користи Tutoro со личен профил, ги задржува својот Streak, лигата и речникот. Местото едноставно се додава на постојниот профил.

  • Колку вработени се потребни за почеток?

    За да почнеш со Tutoro за компании, доволни се само 5 вработени. Одлично одговара и за мали тимови и за компании што растат.

Навика што носи вистински напредок

Понуди му на твојот тим подобар начин да учи англиски: интересни лекции по мерка на секој вработен, за кои лесно се наоѓа време во работниот ден.

Започни

Закажи демо